Kemal Karadağ
07 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг со приватен авион oтпатува во Соединетите Американски Држави (САД), каде што пред посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на САД од 15-17 мај, ќе одржи средби во врска со екстрадацијата и привременото притворење на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг заедно со делегацијата што го придружува, замина за САД од воениот аеродром Етимесгут.
Министерот Боздаг утре во 17:30 часот по локално време ќе се сретне со американскиот секретар за правда, Џеф Сешнс.
Турскиот министер ќе презентира информации околу четирите посебни документи испратени до САД во врска со екстрадацијата на водачот на ФЕТО, Ѓулен. Тој, исто така, ќе пренесе нови докази дека зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули стои Ѓулен.
Според соопштеното, укажувајќи на договорот за екстрадација на злосторници меѓу Турција и САД, Боздаг својот американски колега ќе го потсети дека задолжително е привременото притворење на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Турскиот министер Боздаг на средбата ќе го изнесе и прашањето за доставување на документите испратени од страна на Турција за привремено притворење и екстрадација, до судот со цел да се направи што сѐ што е потребно.
„Темата на нашата средба ќе биде привременото притворење на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен, како и неговата екстрадација во Турција. На крајот на краиштата ќе ги земеме од местата каде што се наоѓаат, ќе ги донесеме во Турција и ќе ги доставиме до турското судство“, истакнал Боздаг вчера, на состанокот на неговата партија во Јозгат, во врска со неговата посета на САД.
Министерот Боздаг нагласи дека припадниците на ФЕТО пласираат лажни вести во врска со посетата, но, како што рече Боздаг, Турција ќе продолжи со нејзината борба, и секој ќе го види вистинското лице на оваа организација. Турскиот министер нагласи дека него ќе го придружуваат и некои обвинители кои работат на овој случај. Тој додаде дека таму ќе одржат и технички средби.