Турција

Турскиот Парламент ја продолжи вонредната состојба

Турскиот Парламент денес го ратификуваше предлогот на Кабинетот на премиерот и ја продолжи вонредната состојба во Турција на три месеци

Emin Avundukluoğlu  | 18.04.2018 - Обновена : 19.04.2018
Турскиот Парламент ја продолжи вонредната состојба

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот Парламент денес го ратификуваше предлогот на Кабинетот на премиерот и ја продолжи вонредната состојба во Турција на три месеци, пренесува Anadolu Agency (AA).

Седмото продолжение на вонредната сосојба, по обидот за државен удар, ќе стапи на сила во петок.

Владејачката Партија за правда и развој (АK Parti) и опозициската Партија на национално движење (MHP) го поддржаа предлогот, додека главните опозициски партии Републиканската народна партија (CHP) и Националната демократска партија (HDP) беа против.

Според Уставот, вонредната состојба може да се прогласи на максимален период од шест месеци. Со цел да се воведе вонредна состојба, Владата мора да предвиди сериозни индикации за распространетото насилство кое може да го попречи демократското опкружување или основните уставни права и слободата на граѓаните.

Турција првпат прогласи вонредна состојба на 20 јули 2016 година по обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во Пенсилванија, се одговорни за неуспешниот обид за државен удар кој се случи на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın