Fatma Bülbül
29 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес ги пречека министерот за надворешни работи на Латвија, Едгар Ринкевич, и министерот за надворешни работи на Данска, Кристијан Јенсен во Палатата Чанкаја во Анкара, според извор од кабинетот на премиерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворот, Јилдирим изјавил дека ја почитува солидарноста на Латвија во врска со обидот за државен удар на 15 јули.
Премиерот нагласил дека соработката меѓу двете земји е важна во борбата против тероризмот. Шефот на дипломатијата, Рикенвич, истакна дека Латвија има политичка волја да ги подобри билатералните односи меѓу двете земји, додаваат изворите.
За време на состанокот со Јенсен, Јилдирим изјавил дека ефикасната соработка меѓу сојузниците и парнерите на Турција е важна во борбата против ДАЕШ, ПКК и терористичката организација ФЕТО.
„Јенсен вели дека неговата земја се солидализирала со Турција во врска со обидот за државен удар и дека сака да ги подобри билатералните односи меѓу двете земји“, додаде изворот.
Турската Влада тврди дека обидот за државен удар, во кој загинаа 240 лица, а речиси 2.200 беа повредени, бил организиран од страна на членовите на терористичката организација ФЕТО.
Ѓулен исто така се товари за водење долготрајна кампања за соборување на власта во земјата преку инфилтрирање во турските институции, вклучувајќи ги армијата, полицијата и судството, со формирање на таканаречена паралелна структура.