Hasan Öymez
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, денес во Вашингтон се состана со премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим кој престојува во официјална посета на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот без присуство на претставниците на медиумите започна во 19:00 часот по локално време во Белата куќа.
Турската делегација покрај премиерот Јилдирим, ја сочинуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за енергија и природни ресурси, Берат Албајрак, и амбасадорот на Турција во Вашингтон, Сердар Килич.