Burak Karacaoğlu,Levent Tok
11 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) продолжуваат сосвоите извидувачки активности со цел да се формираат набљудувачки точки со цел да се следи спроведувањето на прекинот на огнот во подрачјето на зоната без судири во Идлиб, северниот дел на Сирија, во близина на турската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили, кои дејствуваат во рамките на Контролните сили за намалување на тензиите во тој сириски регион, што ги сочинуваат земјите гаранти за ставање крај на судирите во Идлиб, Турција, Русија и Иран, вршат извидувачки активности во подрачјето на Идлиб.
Вооружените сили на Турција соопштија дека на 8 октомври започнале со подготвителни извидувачки активности за спроведување на оваа мисија.
Според договорот од Астана, земјите гаранти за прекинот на огнот во Идлиб, Турција, Русија и Иран, ќе ангажираат Контролни сили за намалување на тензиите во тој сириски регион.
Се очекува во рамките на договорот од Астана, Контролните сили да бидат распоредени во Идлиб.
Турските единици ќе формираат набљудувачки точки во внатрешноста на Идлиб, а руските сили во периферните делови.
Целта на распоредувањето на турските сили е да се интензивираат напорите за прекин на огнот меѓу режимот и опозицијата, ставање крај на оружените судири, испорака на хуманитарна помош, создавањето на потребните услови за да се вратат раселените бегалци дома и решавање на кризата по мирен пат.
Мировниот процес во Астана започна кон крајот на декември минатата година, а во меѓувреме е договорена постава на четири таканаречени зони без судири во Сирија, во кои треба да се обезбедат услови за спроведување на примирјето, достава на хуманитарна помош, враќање на бегалците и почетокот на мирно решавање на проблемите.
Идлиб е една од овие зони, а се протега и на одредени периферни делови на Алепо, Латакија и Хама.