Zlatan Kapiç
19 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Со низа манифестации Турција денес го одбележува националниот празник, Денот на младите и спортот, а претседателот Реџеп Таип Ердоган по повод празникот ќе приреди прием за претставниците на младите, јавува Anadolu Agency (AA).
Сличен прием на младите од 81 регион на Турција ќе приреди и шефот на турската влада Ахмет Давутоглу.
Во Анкара, турскиот министер за млади и спорт, Акиф Чагатај Килич, со делегација положи венец пред Аниткабир, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција и нејзиниот прв претседател, а со едноминутно молчење оддадена е почест на основачот на современа Турција.
Инаку, на 19-ти мај 1919 година, Мустафа Кемал Ататурк, ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Турција. Поради тоа, 19-ти мај е исклучително важен ден за Турција.
Денот на младите и спортот се обележува со разни манифестации во Република Турција, како и во другите држави од светот во коишто живее турската дијаспора.