Dilara Küçükerdoğan
01 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи се истакнува дека во рамките на борбата против терористичките организации, во периодот 24 септември - 1 октомври се спроведени 2.429 операции, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се истакнува дека во спроведените операции се приведени 5.072 лица, од кои 681 лице за помош и засолнување терористи и за поврзаност со таквите организации (171 за поврзаност со ПКК/КЏК, 6 со левичарските терористички организации, 43 со ДЕАШ, 461 со ФЕТО), 4.204 лица за трговија и криумчарење на дрога, и 187 за илегални миграции.
Последната недела се спроведени операции во кои се неутрализирани 28 терористи.
Во рамките на операциите, во 3 области се уништени 11 засолништа, скривници и пештери. Уништени се и 7 рачно изработени експлозивни направи и мини, а конфискувани се 13 рачни бомби, 506 килограми експлозив, 16 парчиња тешко вооружување и автомати, 20 пиштоли и 1.567 парчиња муниција со различен калибар.
- Запленети се 1.544 килограми дрога -
Во рамките на борбата против трговијата со наркотични средства, спроведени се операции во кои се запленети 1.544 килограми дрога, 480.084 таблети, 105.964 корени канабис, 75.821 литри криумчарено гориво и 232.712 шверцувани цигари.
- Правна постапка против 285 лица поради терористичка пропаганда -
По спроведена анализа на 349 профили на социјалните мрежи, поведена е правна постапка против 285 лица поради пропаганда за терористичка организација, упатување пофалби кон овие организации, јавно изјаснување за поврзаност со терористички организации, говор на омраза и непријателство, изјави со навреда кон највисоките државни претставници, говори насочени кон територијалниот интегритет на државата и безбедноста на населението.
Од друга страна, фатени се 8.610 илегални мигранти, од кои 485 при обид за илегално да ја преминат границата по морски пат.
Во операциите се приведени и 187 лица што ги организирале обидите за илегален влез и излез од Турција.