Deniz Açık
04 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
ЕСКИШЕХИР (AA) - ДЕНИЗ АЧИК -
Фармата за коњи „Ciftlikat-I Humayun“ во подрачјето на турскиот Ескишехир подолго од два века одгледува чистокрвни арапски коњи, шампиони, пишува Anadolu Agency (AA).

За ергелата за одгледување на елитни коњи, која ја основал османлискиот султан Махмут II во далечната 1815 година, во изминатите три и пол децении се грижи турската Генерална дирекција за земјоделство (TIGEM).
Повеќевековната традиција и искуство во одгледувањето елитни ждребиња го вбројуваат ергелето во Ескишехир на самиот трон во одгледувањето шампионски коњи во Турција и пошироко.

Раководителот на Одделот за одгледување коњи при Дирекцијата за земјоделство, Ерен Карабулу, во разговор за АА истакна дека името на ергелето одамна е запишано со златни букви на сите хиподроми во регионот, и дека персоналот на фармата и понатаму посветено работи на одгледување нови грла - шампиони.
Карабулут истакна дека моментално фармата располага со 124 кобили и 12 коњи за приплод.

„Во моментов имаме 110 ждребни кобили. Од почетокот на годината добивме 29 нови ждребиња. Во просек годишно на фармата доаѓаат по 100 нови грла“, рече Карабулут.
Истакнувајќи дека годишно во два наврати се организира продажба на двегодишни ждребиња, Карабулут рече дека минатата година фармата од продажба заработила седум милиони турски лири (1,9 милиони долари).
„Оваа година планираме да продадеме 90 двегодишни ждребиња кои треба да достигнат вредност од осум милиони лири“, рече Карабулут.