Ali Cura
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Петро Порошенко потпиша указ со кој се проширува листата на физички и правни лица од Русија кон кои се воведуваат санкции, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на интернет-страницата на Претседателството на Украина, претседателот Порошенко потпишал одлука со која на листата фирми кон кои се спроведуваат санкции се додаваат руските фирми како „Рособоронекспорт“, „Ростек“, „Ијмаш“, „Уралелектромаш“ и „Камаз“.
Покрај тоа, на листата на физички лица кон кои се воведени санкции се наоѓаат лидерот на Руската либерално-демократска партија, Владимир Жириновски, рускиот вице-премиер Дмитриј Рогозин и т.н. премиер на Крим, Сергеј Аксенов.
Според потпишаната одлука, прекинати се активостите на руските платежни системи како што се Унистрим, Золотаја Корона, Колибри, Лидер.
Според одлуката, продолжуваат ограничувањата што претходно беа воведени кон фирмите „Аерофлот“, „Алмаз-Антеј“ и „Касперски“.