Kerem Kocalar
04 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
КИЛИС (АА) - Директорот на Црвената полумесечина на Р. Турција, Керем Киник, изјави дека силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад го бомбардираат местото Саракиб, во југоисточниот дел на Идлиб, поради што можен е нов бран бегалци кој би достигнал бројка и до 35.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Киник истакна дека силите на режимот вршат напади врз Идлиб кои особено се интензивирани во неговиот југoисточен дел.
Тој додаде дека очекуваат нов бран бегалци од тоа подрачје.
„Режимот го бомбардира подрачјето Саракиб. Постои можност од Саракиб да мигрираат помеѓу 30 000 и 35 000 луѓе“, рече Киник, додавајќи дека во таа област имаат две подрачја за камп и дека ја продолжуваат соработката со Управата за вонредни ситуации при турската влада (AFAD).
Според неговите зборови, АФАД ќе обезбеди подлога, а Цревената полумесечина на Турција ќе започне со поставување на шатори.
Се планира подготовките за подлогата да започнат следната недела.