Mahmoud Barakat
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Четвртиот конвој на автобуси со евакуирани борци на Слободната сириска војска (ССВ) и нивните семејства пристигна денеска во Идлиб од палестинскиот бегалски камп „Јермук“, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружената сириска опозиција постигна договор со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, со кој е овозможена евакуација на борците на Слободната сириска војска и нивните семејства од комплексот на бегалскиот камп што се наоѓа во близина на Дамаск.
Денес во Идлиб пристигна четвртиот конвој. Во 61 автобус во Идлиб пристигнаа 1.757 лица.

Досега, 6.700 луѓе беа евакуирани од „Јермук“, а се очекува да бидат евакуирани уште 17.000 лица.
Првиот конвој од „Јермук“ пристигна пред три дена во Ал Баб.
Кампот„Јермук“ се протега на површина од над 16 километри квадратни. Станува збор за комплекс во кој претежно живеат палестински бегалци.

„Јермук“ во моментов е поделен на три дела. Едниот е контролиран од режимските сили, другиот од опозициските борци, а третиот од терористите на ДЕАШ. Целата област е под опсада на режимот на Асад веќе пет години.
Во делот од кампот што го контролираат терористите на ДЕАШ, живеат околу 2.500 палестински семејства, додека во делот контролиран од сириската опозиција борба за опстанок водат речиси 100.000 луѓе.
По преземањето на контролата над енклавата Источна Гута, силите на Асадовиот режим минатата недела ги интензивираа нападите со цел заземање на „Јермук“, кој од центарот на Дамаск е оддалечен само осум километри.