Adem Şalvarcıoğlu
28 Јуни 2018•Ажурирај: 29 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Во индискиот град Мумбај изнајмен авион се урна врз згради. Во несреќата животот го загубија 5 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Авионот кој според планот требало да слета на аеродромот во Мумбај во 13:35 часот по локално време, се урнал врз згради во подрачјето на Гаткопар.
Според веста објавена на интернет-страницата на „India Today“ (Индија тудеј), според првичните информации, во несреќата загинале 5 лица и има голем број повредени. Во несреќата животот го загубија пилотот на авионот, тројца патници и едно лице кое се нашло на местото на уривањето на авионот.
Во веста не се даваат информации за бројот на патници во авионот.