Diyar Güldoğan
04 Март 2018•Ажурирај: 05 Март 2018
МУГЛА (АА) - Премиерот на Р. Турција, Бинали Јилдирим, денес изјави дека борбата на Турција против тероризмот во целост е легитимна и дека како таква ќе продолжи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Наша цел се сите места од каде што доаѓаат заканите за нашата земја и за граѓаните. Борбата против тероризмот е наше потполно легитимно право“, порача Јилдирим за време на обраќањето во Мугла, на регионалниот Конгрес на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Parti).
Потсетувајќи дека Турските сили и Слободната војска на Сирија во продолжението на операцијата „Маслинова гранка“ вчера од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ е ослободен и центарот на градот Раџу, кој се наоѓа недалеку од Африн, северозападна Сирија, Јилдирим рече дека Турција решително ќе ја продолжи борбата за ослободување на тоа подрачје.
„Наша желба е мирот, братството и воспоставувањето доверба во подрачјето. Тоа е она за што се залагаме“, рече Јилдирим.
Турскиот премиер, исто така нагласи дека по ослободувањето, Африн ќе биде вратен во рацете на неговите жители, исто како што беше случајот и со сириските погранични градови кои беа ослободени од терористите во претходната операција на турските сили под називот „Штитот на Еуфрат“.
„Таму сме за да ја ублажиме болката на нашите сириски и ирачки браќа“, истакна Јилдирим.
Турската војска и силите на сириската опозиција од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ ослободија најмалку 134 места во подрачјето на Африн, а неутрализирани се најмалку 2 612 терористи.
Подрачјето на Африн, во северозападниот дел на Сирија, се граничи со турските области Хатај и Килис. Тој дел од границата во облик на полумесечина од пред пет дена целосно е под контрола на Турските сили и Слободната сириска војска.
Операцијата во Африн се одвива во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005.), 2170 (2014.) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија. Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија (ЕУ). ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.