Yakup Bakar
04 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
ЕРЗИНЏАН (АА) - Во подрачјето на Узумлу, во турската област Ерзинџан, фатени се 165 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармериските екипи на патот Ерзинџан - Ерзурум забележале сомнителен автобус без патници. Кусо време потоа, покрај патот е забележана група странци кои почнале да бегаат.

Жандармериските сили фатиле 165 мигранти, од кои 8 жени и 15 деца, по потекло од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.
Приведени се двајцата возачи на автобусот. На мигрантите им е укажана прва помош, а потоа се сместени во спортската сала во центарот на градот.
Мигрантите во Турција влегле преку Иран, а имале за цел да заминат во Истанбул.