Sarp Özer
04 Јули 2016•Ажурирај: 05 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, истакна дека е можно да се воспостави мир и нормализирање на ситуацијата во Сирија, но дека за тоа е потребно сите коалициони и стратешки партнери да преземат поголема одговорност, како и тоа дека Турција веќе покажа подготвеност да ја отвори вратата на решението кога станува збор за воспоставување на мирот и стабилноста во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во седиштето на турската Влада во палатата Чанкаја во Анкара, денес се одржа седница на Советот на министри за пакетот нови економски олеснувања и бенефиции, а по седницата премиерот Јилдирим им се обрати на новинарите и ги коментираше актуелните случувања во земјата и регионот.
Нагласувајќи дека во последните неколку дена на сон се видливи резултатите од турската добрососедска политика и нормализација на односите во појасот на Медитеранот и Црното Море, Јилдирим рече дека процесот на нормализирање на односите со Русија се во тек, а во тек е и процесот на подобрување на односите со Израел.
„Вчера во Газа ги видовме првите плодови од таа политика. Бродот со 11.000 тони хуманитарна помош го доставивме на нашите браќа Палестинци, а во следната фаза следи помош во однос на решавањето на енергетските и инфраструктурни проблеми во Газа. Подготовките се завршени и веднаш после Бајрам ќе бидат остварени потребните контакти”, истакна Јилдирим.
Истакнувајќи дека со ефикасна дипломатија и интензивирање на односите со соседите исполнетоста на турските хотели веќе надмина 90 отсто, Јилдирим рече дека привремено се решени проблемите на туристичкиот сектор, и дека уште од сега се прават чекори со цел следната година сите овие проблеми и трајно да се решат.
„Со цел јакнење на позицијата на Турција на меѓународен план ние го јакнеме мирот и го шириме синџирот на пријателството во регионот”, рече Јилдирим и додаде дека Турција сака со сите граѓани пријателски и мирнодобски односи од Русија и Израел, преку Сирија и Египет, и преку Европската унија до САД.