Barış Gündoğan
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес изјави дека тероризмот повеќе не го окупира дневниот ред во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тероризмот го напушти дневниот ред на Турција, престанаа заминувањата в планина (приклучувањата кон терористичката организација ПКК). Нашите деца веќе не гледаат како да заминат в планина бидејќи сфатија дека таму е неправдата, таму е тагата, дека таму се солзите“, рече турскиот премиер.
Јилдирим потсети дека терористите на ПКК не се грижат за Курдите, и дека тероризмот е заеднички проблем на сите народи.
„Грижа на сепаратистичката организација ПКК не се Курдите. Знаете ли во што е проблемот? Проблемот е она што Турците и Курдите го преживуваат со ПКК и ФЕТО. Работиме сè што е во наша моќ да го решиме тој проблем од корен“, додаде Јилдирим.