Sarp Özer
29 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Расизмот, ксенофобијата и исламофобијата кои се во пораст во Европа, не само што ги загрозуваат странците и муслиманите туку и Европејците“, порача заменик-премиерот на Турција, Бекир Боздаг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Боздаг на социјалните мрежи потсети дека на 29 мај 1993 година, група екстремисти во германскиот град Солинген подметнале пожар во куќата на турското семејство Генч и така усмртиле 5 лица.
Заменикот-премиер на Турција го осуди нападот.
„Расизмот, ксенофобијата, исламофобијата кои се во пораст во Европа, не само што ги загрозуваат странците и муслиманите туку и Европејците“, напиша Боздаг.
Тој смета дека сите, вклучувајќи ги и европските политичари, имаат должност да преземат сè што е во нивна моќ со цел Солинген, и слични работи да не се случуваат, невини луѓе да бидат обвинети, отфрлени или убиени.
„Сите би требало да кажеме ’не‘ на расизмот, ксенофобијата, дискриминацијата и исламофобијата, за да не се повтори Солинген и масакрите. Иднината на Европа и светот е во спротиставување на секој вид екстремизам и во заедничката работа“, порача Боздаг.