Ekipa
25 Ноември 2018•Ажурирај: 26 Ноември 2018
КАИРО (АА) - Во подрачјето на Луксор, во Египет, откриена е фараонска гробница, стара 4.000 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за историски споменици на Египет даде писмено соопштение во кое се истакнува дека фараонската гробница, стара 4.000 години, е откриена на западниот брег од реката Нил.
Во соопштението се вели дека гробницата му припагала на верскиот свештеник Тав Рахт Иф, кој бил одговорен за работите околу мумизирањето на Мут, сопругата на богот Амон.
Во откриената гробница, како што се наведува во соопштението, напишани се некои имиња од членови на семејството, а во гробницата се наоѓаат два саркофага и две дрвени статуи.
Покрај тоа, египетското Министерство информираше дека меѓу археолошките откритија се наоѓа и мумија на лицето именувано како „Хури“, кое било одговорно за храмот на Амон.