Alma Çekovic
19 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ЛОНДОН (AA) - Доколку итно не се преземе нешто, од последиците на заболување на супербактерии, кои се отпорни на лекови до 2050 година ќе умрат 10 милиони луѓе годишно ширум светот, што е еден смртен случај на секои три секунди, предупредува новиот глобален извештај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот е дефиниран план за превентивна медицина, според кој е потребно вложување од една милијарда долари, а експертите повикуваат на револуција во начинот како да се користат антибиотиците и на масовна кампања на едукација на луѓето.
„Мораме да ги информираме луѓето ширум светот на различни начини зошто е клучно да престанете да ги третираме нашите антибиотици како да се слатки, рече економистот Џим О'Нил кој го претстави извештајот.
Опасноста од инфекции кои се отпорни на лекови е битка која полека целиот свет ја води и опишана е како „голема како тероризмот", се наведува во извештајот, пренесува Би-Би-Си.
Научниците истакнуваат дека проблемот на отпорноста на лековите ќе биде поголем и посериозен отколку промената на климата која предизвика паника ширум светот.
Проблемот лежи во тоа што не се развива пазарот и производство на новите антибиотици, а се трошат оние кои постојат. Експертите истакнаа дека производството и откривање на новите лекови е поефтино отколку да не се работи ништо на тоа поле.
Откако е објавен извештајот за прегледот на антимикробната резистенција, кон средината на 2014 година, повеќе од милион луѓе умера од таквите инфекции.
Ситуацијата дополнително ќе се влоши доколку се оствари претпоставката дека до 2050 година од таквите последици од заболувањето од бактерии ќе починат 10 милиони луѓе годишно.
Финансиските трошоци на економиите ќе пораснат на дополнителни 100 милијарди долари, поради што отпорноста на лековите не е само медицински, туку економски и социјален проблем.
„Доколку не го решиме овој проблем одиме во темен период, во кој многу луѓе ќе умираат. Направивме некои прилично предизвикувачки препораки кои бараат сите да излезат од комфортт зоната, бидејќи доколку тоа не се случи, тогаш нема да бидеме во состојба да го решиме овој проблем", додаде О'Нил.