Bedrudin Brlyavac
10 Ноември 2017•Ажурирај: 11 Ноември 2017
САРАЕВО (AA) – Судскиот совет на Хашкиот трибунал ги отфрли барањата на одбраната на поранешниот командат на Главниот штаб на Војската на Република Српска Ратко Младиќ во врска со неговата способност да го следи изрекувањето на пресудата како и покренување на постапка против главниот хашки лекар Пол Фалке, јавува Anadolu Agency (AA).
Во образложението се наведува дека оценката за влошената здравствена состојба на Младиќ првенствено се темели на мислењето на лекар кој лично не го прегледал.
Се додава дека одбраната не покажала дека здравствената состојба на обвинетиот налаага поради тоа да се одложи изрекувањето на пресудата и дека, според мислењето на независните експерти и лекари, неговата здравствена состојба е стабилна.
Во соопштението се наведува дека Судскиот совет не е надлежен во врска со барањето на одбраната да се покрене обвинение против лекарот Фалке.
Потсетуваме, одбраната на Младиќ бараше од Хашкиот трибунал да го одложи изрекувањето на пресудата закажана за 22 ноември, додека обвинетиот не го прегледа тим на српски лекари.
Адвокатите на Младиќ, Бранко Лукиќ и Драган Иветиќ побараа од Хашкиот трибунал пресудата на поранешен командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска да биде одложена поради лекарскиот преглед кој би го извршил тимот на лекари од Србија и постапката да се запре за да се утврди дали Младиќ воопшто е здравствено способен за изрекување на пресудата.
Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (MKSJ) во одговорот на барањето на Ратко Младиќ, обвинет за геноцид и воени злосторства, за одложување за изрекување на пресудата, утврди дека последниот медицински извештај покажа дека здравствената состојба на Младиќ е стабилна.
Пресудата на Младиќ ќе му биде изречена на 22 ноември.
Младиќ пред Хашкиот трибунал е обвинет за најтешки воени злосторства, вклучувајќи и геноцид во Сребреница во јули 1995. година.