Emel Öz Gözellik
29 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Според Глобалниот извештај за исхрана, 20 отсто од смртноста во светот, т.е. секој петти смртен случај во светот е поврзан со лоша исхрана или неухранетост, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според резултатите добиени од истражувањата спроведени во 194 земји, лошата исхрана секоја година на глобално ниво чини 3,5 трилиони долари, а трошоците поради прекумерната телесна тежина во САД изнесуваат 500 милијарди долари.
- „Потребно е да се ограничи рекламирањето храна“ -
Во извештајот се наведува дека поголемиот дел од земјите не успеале да ја постигнат целта околу здравата исхрана. За таа цел се истакнува потребата од ограничување на рекламирање храна и зголемување на мерките со кои ќе се поттикне здравата храна во училиштата.
Водичот на истражувањето, Џесика Фензо од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, за време на своето обраќање на Конференцијата за глобална исхрана организирана во Банкок, главниот град на Тајланд, изјави дека исхраната е еден од главните фактори кои се на врвот на стапката за смртност, истакнувајќи дека лошата исхрана е поопасна од загадениот воздух и пушењето цигари.
- „Храната што ја јадеме може да нѐ убие“ -
Фензо во својот говор истакна „Храната што ја јадеме може да нѐ убие. Потребно е одново да се реорганизира системот на исхрана.“