Ayşe Doğru
07 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
АНКАРА
Според написот објавен во списанието „Астрофизикал џурнал“ (Astrophysical Journal), истражувачите од Универзитетот „Нортвестерн“ и Универзитетот во Калифорнија имаа можност да ги набљудуваат последните 130 дена на црвената суперџин ѕвезда, оддалечена 120 милиони светлосни години од Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за астрономија на Универзитетот на Хаваи во 2020 година на небото откри многу светла црвена суперџин ѕвезда. Кога светлината од суперновата „SN2020tlf“ стигна до Земјата на 16 септември, астрономите, користејќи повеќе телескопи, ги набљудуваа последните 130 дена на ѕвездата.
Користејќи го спектрометарот со ниска резолуција на опсерваторијата „ВМ Кек“ на Мауна Кеа во Хаваи, астрономите пронајдоа директни докази за материјалот што ја опкружува ѕвездата за време на ерупцијата.
Меѓу другото, научниците истакнаа дека во последните години од нивната еволуција, ѕвездите со џиновска маса се движат сосема слободно, но нивните нови набљудувања, исто така покажуваат дека некои ѕвезди неодамна претрпеле сериозни промени во нивните внатрешни структури.
Вин Јакобсон-Гала, главниот автор на студијата, истакна дека неговите набљудувања се важна пресвртница за да се дознае повеќе за последните моменти на ѕвездите со џиновска маса пред да исчезнат.
„Кај црвената суперџин ѕвезда, активноста пред суперновата претходно не е директно набљудувана. За првпат гледавме суперџин ѕвезда како експлодира“, рече Вин Јакобсон-Гала.