свет, образование

Истражување во Финска покажа дека средношколски професори дискриминираат ученици со имигрантско потекло

Според истражувањето, во споредба со автохтоните фински ученици, учениците имигранти од наставниците обично добиваат пониски оценки

Ecem Şahinli Ögüç  | 28.04.2024 - Обновена : 02.05.2024
Истражување во Финска покажа дека средношколски професори дискриминираат ученици со имигрантско потекло

ХЕЛСИНКИ (АА) - Најновото истражување во Финска покажува дека некои средношколски професори ги дискриминираат учениците со имигрантско потекло при оценувањето на матурските испити, пренесува Анадолу.

Како што наведуваат локалните медиуми, во споредба со автохтоните фински ученици, учениците имигранти од наставниците обично добиваат пониски оценки.

Наставниците од средните училишта во Финска прво ги оценуваат завршните испити пред да ги проследат до Одборот за матура, кој ја дава конечната оценка.

Истражувачите кои ја спроведоа студијата откриле дека пристрасноста на професорите е најголема кон учениците имигранти со високи резултати.

Истражувањето исто така покажало дека е помала веројатноста учениците имигранти кои посетуваат училишта со пристрасни професори да го продолжат своето понатамошно школување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın