Admir Fazlagic
10 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Учениците од средното училиште „Маариф" во Северна Македонија учествуваа на натпреварот по природни науки кој се организира секоја година од страна на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј", пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од училиштето „Маариф" во Северна Македонија соопштија дека дека нивните ученици учствувале на натпреварот по природни науки, при што постигнале успех.
„Натпреварот се одржа на државно ниво и следните ученици постигна успех: од областа на математиката ученичката Азизе Сулејмани освои прво место на тема "The Infinity Hotel - How To Understand", од областа на биологијата ученикот Јасин Куцлар освои второ место на тема "Rotating DNA Model Made of Recycled Materials", од областа на географијата ученикот Хакан Ибрахими освои трето место на тема "The Phases in the creation of Meanders and Oxbow Lakes During a Flurial Erosion", од областа на биологијата ученикот Адем Терзиу освои трето место на тема "How to make Our Own Herb Shampoo" ", соопштија од училиштето „Маариф".
„Им се заблагодаруваме на нашите професори и нашите ученици, на кои сме премногу горди и воедно им се заблагодаруваме и на родителите за искажаната доверба на нас", истакнаа од училиштето.
Фондацијата „Маариф“ е основана во 2016 година како државна фондација за обезбедување образовни услуги со образовни институции надвор од Турција. Турската Фондација „Маариф" досега отвори канцеларии во повеќе од 40 различни земји, во Балканот, Азија, Америка и Африка.
Во Северна Македонија, образовните активности Фондацијата „Маариф“ ги започнаа во 2018 година.