Ekipa
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
МАДРИД (АА) - Четири главни политички партии во Шпанија ја започнаа двонеделната предизборна кампања за изборите закажани за 26 јуни, со цел да се излезе од настанатата пат позиција, откако на претходните избори, бирачите го нарушија традиционалниот двопартиски систем, пренесува Anadolu Agency (AA).
Предизборни митинзи одржаа, лидерот на конзервативната Популистичка партија и премиер Маријано Рахој, лидерот на социјалистите Педро Санчез, лидерот на левичарската алијанса „Unidos Podemos", Пабло Иглесијас и лидерот на Граѓаните, Алберт Ривера.
Според предизборните анкети, Популистичката партија би требло да добие најмногу гласови, како што беше и на изборите на 20. декември, што е многу помалку од бројот на гласови на изборите во 2011 година, кога го освои мнозинството во парламентот.
Според истражувања, втор по бројот на гласови би требало да биде „Unidos Podemos" па социјалистичката партија и на крај Граѓанската партија.
Аналитичарите предвидуваат дека и новите избори би можеле да донесат политичка пат позиција и состојба на повеќемесечно договарање за формирање на парламентарно мнозинство. Неуспехот на тие преговори би ја однел Шпанија на трети предвремени избори.