Kemal Karadağ
28 Мај 2023•Ажурирај: 29 Мај 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, истакна дека досега во Комисијата не се пријавени негативни случаи за време на гласањето во вториот круг од претседателските избори што се одржаа во земјата, јавува Анадолу.
Јенер во изјавата за медиумите нагласи дека е завршено гласањето во вториот круг од претседателските избори во Република Туркије.
Тој посака изборите да бидат за доброто на турскиот народ и на демократијата.
„Заврши процесот на гласање во вториот круг од претседателските избори што се одржаа денес. Во Комисија не се пријавени негативни случаи за изборите што би можеле да влијаат врз процесот на гласање“, рече Јенер.
Тој истакна дека приговорите доставени до Комисијата се оценети и пратени до надлежните избирачки комисии во градовите.
Јенер им се заблагодари на сите учесници во изборниот процес и додаде дека дополнително ќе соопштат за укинувањето на забраната за емитување.