Vesna Besiç
16 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Претседателот на Црна Гора, Филип Вујанович денес гласаше во основното училиште „Максим Горки” во Подгорица, а по извршување на граѓанската должнст изрази очекување дека денешниот ден ќе покаже полна демократска зрелост на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сакам да искажам очекување дека денешниот ден ќе покаже полна демократска зрелост на Црна Гора и ќе ја покаже оваа земја како добар пример на регионот во организација на гласањето и самиот ден на гласање”, истакна Вујановиќ.
Тој изрази убедување дека ова гласањето ќе и овозможи на Црна Гора да продолжи по својот пат на користење на сите свои вредности во корист на сите нејзини граѓани.
„Со својот пат на европски и евроатлантски интеграции покажувајќи голема сериозност и одговорност во Собранието и во Владата која ќе се формира што поскоро и во Собранието и во Владата која ќе има своја складност, ефикаснот и своја одреденост за дејствување во интерес на сите граѓани на Црна Гора”, изјави црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.