Ekipa
24 Јуни 2016•Ажурирај: 26 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Садик Кан, градоначалникот на Лондон, изјави дека Европјаните кои живеат во британската престолнина треба да се чувствуваат добредојдени без оглед на резултатите на референдумот кои се во корист на излезот од ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во својот напис кој го објави на својата Фејсбук страна, Кан пофали „речиси милион европски граѓани на Лондон како грижливи луѓе, кои плаќаат данок и даваат придонес на граѓанскиот и културен живот на градот”.
„Вие сте добредојдени тука. Го цениме огромниот придонес кој го дадовте на нашиот град и тоа нема да се промени поради резултатите на референдумот” , порача Кан на Европјаните и додаде:
„Сите имаме одговорност да бараме начини да ги залечиме поделбите кои се појавија во целата оваа кампања, и да се фокусираме на оно што не обединува, а не на она што не разделува. ”