AP
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, вели дека Европската унија (ЕУ) е доволно силна да пронајде вистински одговори на британскиот глас за напуштање на унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел денес истакна дека Германија има „посебен интерес” и „посебна одговорност” во наследството на европското единство. Таа додаде дека го повикала Доналд Туск, претседателот на Советот на ЕУ, Франсоа Оланд, претседателот на Франција и Матео Ренци, премиерот на Италија, на состанок во Берлин во понеделник пред одржувањето на самитот на ЕУ.
Меркел за медиумите во Берлин изјави дека не треба да се донесуваат „брзи и едноставни заклучоци” за референдумот, кој само би создале понатамошни поделби.
Таа изрази големо жалење поради британската одлука да ја напушти ЕУ и додаде дека блокот мора да има цел во иднината да воспостави близок однос со Велика Британија. Таа нагласи дека Британија е и понатаму членка на ЕУ со „сите права и обврски” од двете страни се додека преговорите за излезот не се завршат.