Jeyhun Aliyev
04 Август 2022•Ажурирај: 05 Август 2022
Кремљ соопшти дека е загрижен за неодамнешната ситуација во регионот на Карабах, повикувајќи ги Ерменија и Азербејџан на воздржаност и спроведување на трипартитните договори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, би можеле да разменат мислења за ситуацијата поврзана со Карабах на средбата во Сочи утре.
„За време на средбата Путин и Ердоган ќе разговараат за ситуацијата во Украина и Сирија“, посочи Песков.
Според неговите зборови, во распоредот на Путин не се наоѓа контакт со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, но „тој може брзо да се организира доколку е потребно“.
Азербејџан во средата соопшти дека започнал одмаздничка операција против ерменските сили во Нагорно-Карабах откако Ерменија отвори оган во кој загина азербејџански војник.
Министерството за одбрана соопшти дека Азербејџан презел соодветни мерки и започнал контраоперација откако ерменските сили се обиделе да го заземат Киргискиот Рид и да воспостават нови борбени позиции.
„Како резултат на операцијата „Одмазда“, спроведена од единиците на Азербејџанската армија, врвот Киргистан, како и Сарибаба долж гребенот Карабах на Мал Кавказ и голем број други важни височини беа ставени под контрола“, се додава во соопштението.
Во четвртокот, Министерството објави дека е воспоставен целосен надзор на оперативната ситуација во регионот.
Односите меѓу поранешните советски републики Ерменија и Азербејџан се затегнати од 1991 година, кога Ерменската армија го окупира Нагорно-Карабах, познат и како Горен Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, како и седум соседни региони.
Последните судири се случија во септември 2020 година, кога Азербејџан ослободи неколку градови и околу 300 населби и села кои беа окупирани од Ерменија речиси три децении.
Договорот со посредство на Русија стави крај на 44-дневниот интензивен конфликт во ноември 2020 година.