Ekip
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
МОСКВА (AA) – Кремљ новата стратегија за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „империјалистичка", но ги пофали Соединетите Американски Држави (САД) поради спремноста да соработуваат со Русија во областите од заеднички интерес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Стратегијата, која е објавена во понеделник, е поостра кон Русија, отколку што тоа Трамп го правеше во јавните настапи. Русија се обвинува да користи „субверзивни мерки" за да го ослабне кредибилитетот на Америка и европските влади.
Дмитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, денеска рече дека спомнувањето на Русија ја погоди Москва како „империјалистичко" и покажа „одбивност во повеќеполарниот свет".
Меѓутоа, Песков рече дека Москва е охрабрена со повиците на соработка со Русија во областите кои би можеле да бидат користени за САД.
Минатата недела Путин и Трамп разговараа телефонски во два наврати.