Турција, политика

Министрите за надворешни работи на Туркије и Франција разговараа за Сирија и мирната транзиција по падот на Асад

- Турскиот министер ја истакна потребата меѓународната заедница да пружи поддршка на сирискиот народ во овој критичен период

Gökhan Çeliker  | 19.12.2024 - Обновена : 19.12.2024
Министрите за надворешни работи на Туркије и Франција разговараа за Сирија и мирната транзиција по падот на Асад

Анкара

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес оствари телефонски разговор со неговиот француски колега Жан-Ноел Баро на кој стана збор за ситуацијата во Сирија, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.

Фокусот на разговорот е ставен на најновите случувања во Сирија, во кој Фидан ја истакна важноста од унапредување на процесот на транзиција на земјата на мирен и инклузивен начин.

Турскиот министер ја истакна и потребата меѓународната заедница да пружи поддршка на сирискиот народ во овој критичен период, истакнаа изворите.

Башар ал-Асад, кој владееше со Сирија со „железна тупаница“ речиси 25 години, побегна во Русија на 8 декември откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск. Преземањето се случи откако борците на ХТШ ги зазедоа клучните градови во брза офанзива која траеше помалку од две недели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.