Amina Zorniç
13 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
АТИНА (АА) - Грчкиот министер за координација на приливот на бегалци, Димитрис Вицас, вети дека за најмалку седум дена ќе се преместат бегалците сместени на границата со Македонија во кампот во Идомени, каде што моментално се наоѓаат 12.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа одлука, како што пишува британскиот весник "The Guardian", следи откако светската јавност беше шокирана од фотографијата на Anadolu Agency (AA) од Идомени на која родителите, покрај шаторот, со вода од шише го бањаат своето штотуку родено новороденче.
Според Вицас, бегалците ќе бидат префрлени во прифатни центри во следните денови.
„Верувам дека ситуацијата во Идомени ќе ја решиме во следните седум дена, рече Вицас за телевизиската станица "Mega" ”.
Претходно, властите во северниот дел на Грција објавија дека десетици деца од Идомени последните денови се медицински згрижени поради лошите услови за живот.
Бегалците се сместени во шатори кои преку лето ги користат туристите. Обилните врнежи изминатите денови доведоа до катастрофални услови за живот во кампот. Шаторите тонат во калта, а од влажните дрва за огрев е невозможно да се запали оган.
Грчката влада предупредува дека над 40.000 лица останале „заглавени” во Грција, поради одлуката на Австрија и неколку балкански земји да воведат ограничувања во врска со преминувањата преку границите.