Meltem Bulur
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот колега, американскиот државен секретар, Џон Кери, јавува Anadolu Agency (AA).
Од дипломатски извори се дознава дека средбата била остварена на барање на САД, а станало збор за потребата да се обезбеди прекин на огнот во Сирија, за борбата против ДЕАШ и била оценета моменталната состојба во Сирија.
Се разговарало и во врска со последните случувања од операцијата за ослободување на Мосул.
- Средба и со романскиот колега
Покрај телефонскиот разговор со Кери, турскиот министер за надворешни работи Чаушоглу денеска телефонски разговараше и со министерот за надворешни работи на Романија, Лазар Команеску. Во телефонскиот разговор станало збор за дневни меѓународни теми коишто се од заеднички интерес на двете земји.