Ekipa
24 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, денес изутрина изјави дека блокот е одлучен да го сочува единството на 27-те нации и дека повеќе нема да има напуштање, јавува Anadolu Agency (AA).
„Блокот е одлучен да го сочува нашето единство на 27 нации и дека нема да има повеќе напуштање”, изјави Туск.
Туск, зборувајќи во Брисел најави дека членките на ЕУ ќе се состанат следната недела на самитот без Велика Британија со цел да ја проценат својата иднина откако британските граѓани на референдумот одлучија да ја напуштат Унијата.
Туск нагласи дека е уверен дека ЕУ има иднина, додавајќи дека „она што не те убива, те прави посилен”.