Beyza Binnur Dönmez
10 Јуни 2024•Ажурирај: 10 Јуни 2024
ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарија денес објави дека најмалку 90 земји и организации го потврдиле учеството на мировниот самит за Украина во летното одморалиште Бургенсток, јавува Анадолу.
Дводневниот самит, кој има за цел „да развие заедничко разбирање за можен пат кон праведен и траен мир во Украина“, започнува в сабота.
„Најширокото можно учество е важно за да можеме да започнеме процес кој има широка поддршка“, рече швајцарската претседателка Виола Амхерд во Берлин.
Амхерд истакна дека половина од земјите ќе бидат претставени од шефови на држави.
Таа додаде дека Туркије го потврдила учеството, додека Бразил и Јужна Африка се уште не се официјално.
Швајцарија во јануари ја презеде организацијата на самитот на барање на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Русија го отфрли самитот како губење време. Отсуството на Москва ги поттикна нејзините сојузници, како Кина, да се повлечат од учеството.