Mümin Altaş
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
НИКОЗИЈА (AA) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим во среда во текот на неговата посета на Турската Република Северен Кипар, каде се состана со тамошниот премиер Хусеин Озгурун, истакна дека односите на Анкара со Турската Република Северен Кипар ќе бидат продолжени, како што рече, во духот на вечното пријателство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се работи за патување кое трае преку пола век. Ова патување положи многу испити. Никогаш, без оглед на условите, не се откажавме од исправниот став и не правевме чекор назад. Немаме намера ниту во овој момент да правиме чекор назад. Доколку на остовот ќе биде применет праведен и оджлив систем на управување кој ќе го сочинуваат двете заедници, тоа секако дека го поддржуваме. Затоа во потполност ги подддржуваме и преговорите кои сеуште траат", рече Јилдирим.
На крајот истакна дека Турција има обврска да пружи помош и поддршка на луѓето во Турската Република Северен Кипар.
„Постојат милони кои имаат надеж во нас. Имаме одговнорност да не ги изневериме нивните очекувања. Навистина верувам дека иднната ќе биде подобра од минатото. Се додека Турција и Турската Република Северен Кипар се држат заедно, оние кои сакаат да ги загрозат нашите права на ова подрачје во тоа сигурно нема да успеат", рече Јилдирим.
Озгурун истакна дека е многу значајно со Турција и понатаму да продолжат да се продлабочуваат односите на сите полиња.