Ali H. M.Abo Rezeg
29 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
РИЈАД (AA) - Бројот на муслиманите кои пристигнаа од целиот свет во Саудиска Арабија за да го извршат овогодишниот аџилак сега изнесува 1.723.793, соопштија саудиските власти вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од неделата, бројот на аџии кои дојдоа во Саудиска Арабија по воздушен пат достигна 1.620.592, 88.374 верници пристигнаа по копнен пат и уште 14.827 по морски пат“, објави Генералниот директорат за пасоши на Саудиска Арабија на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер).
Бројот на пристигнувања брзо се приближува кон бројот од околу 1,9 милиони муслимани кои го посетија Кралството минатата година за аџилак, велат официјалните бројки.
Во текот на минатиот месец, стотици илјади муслимани се собраа во Саудиска Арабија од целиот свет за да го извршат овогодишниот аџилак, кој за муслиманите претставува една од главните верски обврски.