Elena Trenchevska Chekovikj
25 Декември 2025•Ажурирај: 26 Декември 2025
Во Барселона, Шпанија, денес се одржа традиционалниот натпревар во пливање Копа Надал, јавува Анадолу.
Tрката, која на шпански е позната и како Копа Навидад (Божиќен куп), учесниците ја започнаа во пристаништето Барселона, Шпанија, на 25 декември 2025 година.
Копа Надал традиционално се одржува во Барселона секој 25 декември, на католички Божиќ, а се состои од пливање 200 метри во отворени води во старото пристаниште во Барселона.
Почетоците на трката датираат од 1907 година, што го прави прво натпреварување во пливање одржано во Шпанија и еден од најстарите спортски настани во Барселона и во Европа.
Особеноста на трката е што се одржува среде зима, кога температурите се најниски во Барселона.
Во повеќе наврати трката се одржувала на дожд, па дури и на снег. Вообичаено е да се видат многу пливачи како ја изведуваат трката облечени во божиќни костими.
Трката, организирана од Клубот Натасио Барселона, е многу популарна, учеството е бесплатно, а отворена е за луѓе од сите возрасти, кои се натпреваруваат во различни категории во зависност од возраста.