Ethem Emre Özcan,Ömer Koparan
30 Јануари 2021•Ажурирај: 31 Јануари 2021
АФРИН
Извршен е терористички напад со возило бомба во подрачјето на Африн во северниот дел на Сирија, при што загинаа 6 цивили, додека 25 цивили се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
При експлозијата на бомба поставена во возило во индустриската зона во Африн загинаа 6 лица.
Како резултат на овој терористички напад, 25 лица се повредени.
Постои загриженост поради можноста за зголемување на бројот на жртви и повредени.
Повредените во нападот се пренесени во болница.
Експлозијата е почувствувана во целото подрачје на Африн, додека противпожарните служби интервенираа врз пожарот што избувна.
Безбедносните сили вршат испитувања на местото од настанот, а се претпоставува дека нападот бил извршен од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Инаку, центарот на Африн беше ослободен од ЈПГ/ПКК на 18 март 2018 година во рамки на операцијата „Маслинова гранка“.