Emre Gürkan Abay
30 Јануари 2021•Ажурирај: 31 Јануари 2021
МОСКВА
Претседателот на Русија, Владимир Путин, и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, остварија телефонски разговор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Кремљ.
Во соопштението се вели дека Путин и Алиев разговараа за настаните во врска со турско-рускиот Заеднички набљудувачки центар кој денес започна со активности во рамки на набљудување на примирјето во Нагорно Карабах.
„Во средбата е изразена доверба дека овој Центар ќе придонесе во поголемо стабилизрање на состојбата во Нагорно Карабах, како и ќе придонесе во потребното спроведување на договорите постигнати во регионот“, се додава во ова соопштение.