Ekipa
02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
ЛОНДОН (АА) - „Бритиш ервејс“ ја запре продажбата на билети за летови на кратки релации до домашни и европски дестинации, јавува Агенција АНадолија (АА).
На постојаните клиенти ќе им биде дозволено да резервираат повторно таму каде што е потребно, објави авиокомпанијата откако аеродромот „Хитроу“ соопшти дека ќе го ограничи капацитетот во обид да се справи со нарушеното одвивање на воздушниот сообраќај, доцнењето на багажот и откажувањето на летовите.
Од аеродромот во Лондон велат дека мерките довеле до подобри резултати, иако авиокомпаниите како „Емиратс“ и „Вирџин атлантик“ остро го критикуваа овој потег.
Во соопштението „Бритиш ервејс“ наведуваат: „Како резултат на барањето на Хитроу да се ограничат новите резервации, ние одлучивме да преземеме одговорно дејство и да ги ограничиме достапните цени на некои услуги на Хитроу за да помогнеме да се максимизираат опциите за повторно резервирање за постојаните клиенти, со оглед на вметнатите ограничувања врз нас и тековните предизвици со кои се соочува целата воздухопловна индустрија.“
Потегот доаѓа во услови на актуелните турбуленции во секторот за авионските патувања во Велика Британија.
Персоналот на „Бритиш ервејс“ од Хитроу се закани со штрајк поради платите од минатиот месец, но беше најдено решение.
Синдикатот на кабинскиот персонал на „Рајанер“ во Шпанија објави дека тие ќе штрајкуваат четири дена секоја недела до јануари поради платите и условите.