İdiris Okuduci
02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
БЕЈРУТ (АА) - Туркије испрати 90 тони медицински материјали во Либан, од кои земјата има голема потреба поради длабоката економска криза, јавува Агенција АНадолија (АА).
Беше одржана церемонија за примопредавање на помошта, на која присуствуваа министерот за здравство на Либан, Фирас ал Абјад, турскиот амбасадор Али Бариш Улусој, и координаторот на Турската агенција за соработка и координација (TIKA) во Либан, Орхан Ајдин.
Либанскиот министер за здравство ѝ се заблагодари на Туркије за пружањето помош за Либан.
„Ова не е првата пратка на помош што Туркије им ја понуди на либанскиот народ и влада“, рече тој.
Министерот истакна дека дел од болницата што ја гради Туркије во градот Саида делумно ќе започне со работа во септември.
Амбасадорот Улусој од своја страна рече дека испораката на помошта ја покажува турската солидарност со либанскиот народ.
Тој изрази надеж дека турската болница во Либан ќе започне наскоро со работа.
Од крајот на 2019 година, Либан се бори со тешка економска криза, како и масовна депрецијација на валутата, недостиг на гориво и недостиг на лекови.