свет

Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми над 51.200

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“

Ahmed Asmar  | 21.04.2025 - Обновена : 21.04.2025
 Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми над 51.200

АНКАРА (АА) - Најмалку 39 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.240, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 62 повредени лица, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 116.931.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што се убиени 1.864 луѓе, а повредени се 4.900 и покрај договорот за прекин на огнот и за размена на затвореници од јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.