Кина санкционираше американски конгресмени, официјални претставници и челници на невладини организации
Овој последен чекор на Пекинг се смета за ново продлабочување на тензиите во веќе заострениот трговски конфликт меѓу двете најголеми светски економии

АНКАРА (АА) - Кина објави дека ќе воведе санкции против американски конгресмени, официјални претставници и шефови на невладини организации поради, како што го нарече, нивното „крајно неприфатливо однесување“ во врска со прашањата поврзани со Хонгконг, јавува Анадолу.
„Хонгконг е кинески Хонгконг, а работите поврзани со Хонгконг не дозволуваат мешање од страна на САД. Секој погрешен потег од страна на САД во врска со Хонгконг ќе биде решително возвратен од Кина со соодветни контрамерки,“ изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на прес-конференција во Пекинг.
Овој потег следуваше откако САД на почетокот на месецов воведоа санкции за шест високи кинески и хонгконшки функционери, обвинувајќи ги за „транснационална репресија“ и натамошно нарушување на автономијата на Хонгконг.
САД ги обвини официјалните претставници на Пекинг и Хонгконг дека го злоупотребуваат Законот за национална безбедност на Хонгконг за да „заплашуваат, замолчат и вознемируваат 19 продемократски активисти кои беа принудени да избегаат во странство, меѓу кои и еден американски државјанин и четворица со постојан престој во САД.
Овој последен чекор на Пекинг се смета за ново продлабочување на тензиите во веќе заострениот трговски конфликт меѓу двете најголеми светски економии.