Yeşim Sert Karaaslan
12 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека страните во Либија и Идлиб прават напори за да се спроведува прекинот на огнот, и дека ситуацијата е мирна, освен еден-два индивидуални инцидента, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана се истакнува дека внимателно се следи спроведувањето на прекинот на огнот во Либија и Идлиб.
„На самитот во Истанбул, што се одржа на 8 јануари со учество на претседателите на Турција и Руската Федерација, донесена е одлука за прекин на огнот во Либија и Идлиб и упатен е повик до страните за прекин на огнот“, се потсетува во соопштението и се додава:
„Во Либија и Идлиб спроведувањето на прекинот на огнот започна на 12 јануари од 00:01 часот. Примирјето што започна во двата региона е значаен чекор за запирање на нападите, за спречување на загубите на животи и миграциските текови, за придонесување кон враќање на животот во нормала и за воспоставување мир и стабилност. Во двата региона страните прават напори за да се спроведува прекинот на огнот, ситуацијата е мирна, освен еден-два индивидуални инцидента. Со внимание се следи спроведувањето на прекинот на огнот.“