Necat Hazar
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
ВАН (АА) - При претрес на камион во местото Озалп, во турската област Ван, откриени се 437 килограми и 942 грама хероин, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Полициската управа на Ван информираат дека во тек се операции против трговијата, дистрибуцијата и складирањето на опојни дроги.
Полицајците во Ван запреле сомнително возило на излезот од местото Озалп.
За време на претресот откриени се 19 канистери во кои се наоѓале 404 килограми и 345 грама течен хероин, а 33 килограми и 597 грама дрога биле распоредени во 33 пакувања.
Во операцијата се приведени две лица под обвинение за трговија и дистрибуција на опојни дроги.