Emel Öz Gözellik
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
САНТА АНА (АА) - Во американската сојузна држава Калифорнија се урна мал авион. Во несреќата животот го загубија 5 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставници на противпожарната екипа информираа дека во јужниот дел на Калифорнија, на паркингот пред еден трговски центар паднал мал, двомоторен авион.
Официјален претставник информираше дека во несреќата животот го загубиле петте лица што се наоѓале во авионот. При падот на авионот, нема загинати или повредени лица на паркингот.
Започната е истрага во врска со несреќата.