Servet Günerigök
07 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (AA) – Работата на мапата на пататот за ослободување на сирискиот Мунбич од терористите на ПКК/ЈПГ е забрзана, изјави Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Туција, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за турските медиуми во Вашингтон, Чавушоглу истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) се одговорни за воспоставување на планот.
„Има одредено забрзување... Посебно од страна на администрацијата на САД и државниот секретар Мајк Помпео кои бараат итна имплементација на мапата на патот", рече Чавушоглу.
Истакна дека Анкара и Вашингрон нема да имаат напнатост доколку договорот за Мунбич биде што поскоро спроведен.
Чавушоглу рече и дека Турција и САД оформиле работна група за координација на повлекување на американски сили од Сирија.
Додаде дека и покрај напредокот, мапата на патот мора во потполност и веднаш да се спроведе.
Турција вети дека ќе спроведе антитерористички акции во Сирија, источно од Еуфрат, по две слични успешни операции од 2016 година.
Договорот за Мунбич помеѓу Турција и САД е фокусиран на повлекување на терористите на ПКК/ЈПГ од градот за да се стабилизира регионот, кој се наоѓа во северниот дел на сириската провинција Алепо.