Elena Teslova
07 Мај 2023•Ажурирај: 08 Мај 2023
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека 20 лица, од кои 12 деца, се повредени при уривање на вртелешка во Русија, известува Анадолу.
Властите наведуваат дека несреќата ја предизвикал дефект на механизмот во паркот во градот Оренбург.
Руското Министерство соопшти дека се хоспитализирани 12 лица, меѓу кои и шест деца, додека една жена и дете се сместени на одделението за интензивна нега.